Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

Кандидатот за Градоначалник на СДСМ, Гоце Милевски, од трибината во Виница побара поддршка од граѓаните, потенцирајќи дека ова не е само кампања, туку борба за иднината на Виница. Тој повика на заедничка акција, јасно нагласувајќи дека промената е можна

„Денес не сум само кандидат за градоначалник, денес сум човек со мисија: да ја вратиме Виница таму каде што припаѓа“, порача Милевски.

Милевски остро се осврна на досегашното локално владеење и политичката клима, повикувајќи на одговорност и нов почеток.

„Сакаме ли Виница повторно да ја препуштиме во рацете на локалните ’шерифи‘ кои мислат дека сè им е дозволено и дека градот им припаѓа само на нив? Јас не верувам дека тоа е Виница што ја сакаме“, истакна тој, додавајќи: „Верувам дека можеме подобро, дека можеме да изградиме град со ред, закон, човечност и почит.“

Милевски ја побара поддршката од граѓаните и го претстави неговиот план за конкретни, реални и остварливи проекти, кои, како што рече, не се празни ветувања, туку патоказ за развој: Изградба на дом за стари лица, грижа со достоинство за повозрасните, нов булевар на влезот во Виница, решавање на атмосферската канализација, спортска сала за ООУ „Гоце Делчев“, велосипедски патеки, зелена и чиста Виница, ред во сообраќајот и паркирањето, улично осветлување и поддршка за културата и уметниците.

„Ова не се ветувања, туку планови што ќе ги реализираме, чекор по чекор, проект по проект. На 19 октомври, излезете масовно. Заокружете го бројот 5, затоа што е глас за нашата иднина“, порача од Виница, Гоце Милевски, кандидат за градоначалник на СДСМ.