fbpx

Дали криминалната власт крои нов ребаланс на буџетот?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дали криминалната власт крои нов ребаланс на буџетот?

После јавното признание на Груевски дека буџетот е пред колапс владее целосен молк и од Владата и од Министерството за финансии за тоа дали се крои нов ребаланс.

Граѓаните имаат право јавно и транспарентно да бидат информирани за начинот на кој ќе се трошат нивните пари.

Во првите четири месеци од оваа година капиталните инвестиции имаат катастрофална реализација од само 68 милиони евра.

За да го прикрие колабираниот буџет министерот за финансии Ставрески повторно ќе крати кај развојната компонента на буџетот, капиталните инвестиции.

Секоја година жртва на погрешно проектираните буџети се токму капиталните инвестиции.

Дали оваа развојна компонента во буџетот којашто во најголем дел треба да придонесе кон реален економски раст е постојано масакрирана за да можат повеќе стотици милиони евра да се истураат во сомнителни тендери за криминалната власт?

Никола Груевски со своите промашени политики свесно ја бутна Македонија во групата на земји како Ангола, Руанда, Зимбабве и Нигерија со недоволна транспарентност на државниот буџет (Open Budget index), за да може криминалната власт да ги троши нетранспарентно и криминално парите на граѓаните.

Оттаму е и молкот во Министерството за финансии околу новиот ребаланс на буџетот.

Заради нетранспарентноста со којашто се трошени парите на граѓаните изминативе 10 години е потребо целосно укинување на аболицијата. Сите што го прекршиле законот и злоуптребиле пари на граѓаните ќе одговараат.

 

Скопје, 03.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести