Соопштение за јавност
Уплашениот Никола Груевски посебно го иритираат независните институции коишто вистински се борат против корупцијата и криминалот.
Очигледно продолжуваат опструкциите на работата на Специјалното јавно обвинителство надополнети со хајки што ги спроведуваат медиумските курири, во заштита на криминалот на власта.
Тоа покажува колку Никола Груевски се плаши од враќањето на правдата и соочувањето со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите години.
Суштинска цел на постоењето на СЈО е да се врати владеењето на правото и правната држава. Законот да важи за сите подеднакво.
Затоа Уставниот суд треба веднаш да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за СЈО.
Специјалното јавно обвинитлество треба и мора да биде оставено непречено и независно да ја врши своjата законска работа.
Срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов мора целосно да бидат поништени.
Ништо не може да му помогне на Никола Груевски, одговорност ќе има. Најмалку манипулациите и измислиците на медиумските курири.
Скопје, 03.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА