Соопштение за јавност
Поминаа месеци а „Курир“ молчи на прашањето кој и на каков начин го финансира?
Според официјалните документи од Централниот регистер, фирмата што се јавува како сопственик на „Курир“ за период од 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра.
Во 2012 година, приходите на „Курир“ биле околу 335 илјади евра, во 2013 околу 405 илјади евра, во 2014 – 560 илјади евра и во 2015 година 472 илјади евра.
Тоа се над 1,7 милиони евра за 4 години.
Додека граѓаните крпат крај со крај и секојдневно ја напуштаат државата заради лошите, криминални политики на ВМРО ДПМНЕ, „Курир“ се полни со пари, со милиони евра, за да шири невистини и пропаганда.
Затоа токму тие се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски и се најголеми промотори на лагите и манипулациите на врвот на ВМРО ДПМНЕ.
Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак.
Затоа милиони евра, пари на граѓаните, завршуваат во медиумските курири и мегафонина власта.
Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.
Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.
СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.
Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата и слободата на медиумите.
Нема спас за Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара.
Скопје, 03.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА