Соопштение за јавност
Нервозата во ВМРО-ДПМНЕ е видлива во секое нивно соопштение и во секој нарачан текст што го испорачуваат медиумските курири.
Не е прочистен Избирачкиот список, нема реформи во медиумите, Специјалното јавно обвинителство е под постојани опструкции, само затоа што Никола Груевски се плаши од слобoдни избори.
Никола Груевски бега од слободни, фер и деморатски избори затоа што се надева дека на тој начин ќе избега од правдата, ќе ја спаси сопствената кожа.
Нервозата е оттука. Знаат и во ВМРО-ДПМНЕ дека нема спас, одговорност ќе има.
Колку и да не сака власта Специјалното јавно обвинителство мора да биде оставено да ја врши своjата работа.
Уставниот суд треба веднаш да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за СЈО.
Затоа што суштинска цел на постоењето на СЈО е да се врати владеењето на правото и правната држава.
Срамните, незаконски аболиции што по нарачка на Груевски ги испорача Ѓорге Иванов мора целосно да се поништат.
Законот мора да важи за сите подеднакво.
Скопје, 02.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА