fbpx

Задолжувањата на терет на граѓаните продолжуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Задолжувањата на терет на граѓаните продолжуваат.

Министерот за финансии Ставрески без никакво објаснување за следната недела побарува 11.5 милиони евра на три посебни аукции иако нема планирано раздолжување потоа.

И Европскиот Совет во својот последен извештај забележува дека забрзаното темпо на задолжување и нетранспарентноста на буџетските трошења се меѓу главните проблеми во економијата.

Сите аукции коишто ги спроведе Ставрески на домашниот пазар се нелегални и не смеат да паднат на грбот на граѓаните.

Нетранспарентите трошења и ваквите неосновани задолжувања го доведоа Буџетот пред колапс за што и Груевски призна.

Дали тој избезумено го подготвува својот последен удар по џебот на граѓаните и најавува ново мега задолжување со еврообврзница којашто ќе треба да истури уште неколку стотици милиони евра во џебот на криминалната власт?

За да го продолжи своето расипничко однесување со парите на граѓаните, Груевски избега од пржинската влада којашто преку дополнителниот заменик министер за финансии успеа да го преполови задолжувањето со последната еврообврзница.

Тогаш министерот за финансии Ставрески изјави дека има доволно пари од еврообврзницата за плати, пензии, социјални трансфери и останати планирани проекти за цела 2016-та година, но по нарачка на Груевски тој и понатаму без никаков основ ги задолжува граѓаните со нови милиони евра на домашниот пазар.

Доколку Ставрески потклекне на притисоците и се обиде да издаде нова еврообврзница, како што најави Груевски и ова задолжување ќе биде незаконско, а Ставрески и техничкиот премиер Димитриев ќе ја сносат целосната одговорност за ваквите расипнички потези што ги прават по нарачка на нивниот наредбодавател Никола Груевски.

Заради огромните задолжувања на терет на граѓаните, преку коишто се истурија стотици милиони евра криминално во џебот на криминалната власт исто така треба целосно да се укине аболицијата. Сите што го прекршиле законот и злоуптребиле пари на граѓаните ќе одговараат.

Скопје, 02.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести