fbpx

Влатко Ѓорчев ги призна непријавените приходи, јавноста чека одговори за богатењето!?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не собра храброст Влатко Ѓорчев да се појави во јавноста и да одговори за непријавените хонорари на неговата сопруга туку кукавички одлучи да се крие зад писмено соопштение од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, после три дена молк Влатко Ѓорчев се огласи и потврди се.

Ѓорчев потврди дека неговата сопруга земала хонорари преку Министерството за надворешни работи. Според објавените Договори со МНР хонорарите за сопругата на Ѓорчев биле во висина од 1.200 евра месечно или околу 15 илјади евра за период од една година.

По признанието Ѓорчев треба да и одговори на јавноста на клучните прашања:

Зошто не ги пријавил хонорарите на неговата сопруга во Анкетниот лист?

Има ли и други непријавени приходи?

Како се збогатил Влатко Ѓорчев со имот од околу 400 илјади евра, според Анкетниот лист?

Дали непријавените приходи се е тајната формула за богатењето на Влатко Ѓорчев?

Скопје, 31.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести