Шукова: „Во следните 15 месеци – 15 нови паркови и 10.000 садници низ Скопје“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Шукова: „Во следните 15 месеци – 15 нови паркови и 10.000 садници низ Скопје“

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на денеска истакна дека во рамки на својата програма предвидува зелен развој и обновување на јавните површини низ сите скопски општини.

„Локациите се веќе мапирани – дел ќе бидат нови зелени површини, а дел реконструкции на паркови што се во лоша состојба” -рече Шукова.

Таа посочи дека покрај парковите, ќе бидат засадени и 10.000 нови дрвја, меѓу кои и овошни садници, како дел од заложбата за поубав и поздрав град.

,,Покрај зимзелени и листопадни дрвја, ќе засадиме и овошни дрвја нешто што Скопје го имаше пред 20–30 години. Време е да ја вратиме таа традиција и да го направиме градот поубав, зелен и животен,“ рече Шукова.