fbpx

Тодоров и Груевски се најголемите штетници во историјата на здравствениот систем на Р.Македонија и затоа ќе одговараат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Тодоров и Никола Груевски се најголемите штетници во историјата на здравствениот систем на Р.Македонија.

Најголемите уништувачи на здравството и здравствениот систем без нималку срам се појававуваат во јавност потценувајќи ги сите граѓани на Р. Македонија.

Со кое лице Тодоров и Груевски се појавуваат во јавноста и зборуваат за т.н. проекти?

Нивните најголеми проекти се нивните лични богатења.

Здравството во Македонија е на колена. Пациентите се незадоволни, лекарите понижени.

Граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, умираат родилки и бебиња, медицинскиот персонал е под постојани притисоци и закани.

Нема пари за основни потреби. Пациентите сами си набавуваат лекови, медицинска опрема и помагала.

Клиничките болници и Здравствените домови се во огромни, милионски долгови коишто секојдневно се зголемуваат.

Да, заминуваат лекари и тоа по 200 годишно, но заради подобар живот, а не заради подобра едукација.

Никола Груевски и Никола Тодоров се главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита. Тодоров и Груевски ги чека одговорност за криминалните политики што однесоа во смрт многу граѓани.

Но, нема спас ни за аболицираниот Груевски, ни за неговото друштво.

Казната ќе им биде испорачана на следните фер, демократски и кредибилни избори, кога народот ќе избере нова, одговорна влада, предводена од СДСМ којашто ќе обезбеди квалитетно и достапно здравство за сите, бесплатно болничко лекување и ќе се грижи за здравјето и животот на граѓаните.

Скопје, 29.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести