Соопштение за јавност
Секојдневните манипулации и измислици на медиумските курири нема да го спасат Никола Груевски и неговата криминална банда од одговорност.
Лагитe и невистините имаат за цел да ги сокријат криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Медиумските курири во страв од вистината и враќањето на правдата, не го пренесоа ставот на меѓународната заедница дека аболицијата мора целосно да се поништи и дека селективната правда е неприфатлива.
“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.
Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски.
Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.
Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.
СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.
Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.
Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.
Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара.
Скопје, 29.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА