fbpx

Никола Груевски и украде на Македонија цели 10 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Да му беше навистина Македонија на прво место, Никола Груевски немаше да ја уништи економијата, да ги осиромаши граѓаните, да ги краде, да ја краде нивната слободна волја и немаше да ја втурнува земјава во постојани кризи.

Зад самонареченото мега интервју на Груевски се крие стравот од враќање на правдата и соочување со одговорноста за катастрофата што и ја нанесе на Македонија.

Никола Груевски и украде на Македонија цели 10 години.

Економијата е на колена, граѓаните во Македонија се посиромашни, живеат со по 40 денари на ден.

На криминален начин се потрошија 630 милиони евра за споменици додека 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија.

626.312 луѓе се иселија од Македонија, пред се млади, образовани граѓани, поради невработеност.

Граѓаните се задолжени со рекордно највисок јавен долг од над 4,2 милијарди евра.

Јавно Груевски фрлаше лопати на проекти коишто никогаш не се реализираа, за потоа да се качи во мерцедес од 600 илјади евра што самиот си го нарача.

Вистината за Македонија покажа дека цели 10 години Груевски мислеше како да дојде до поголеми провизии, парцели на Водно….

Нема слобода, нема демократија, нема правда во Македонија. Законите не важат за сите подеднакво.

Никола Груевски и фамилијата се богатеа на грбот на граѓаните, а криминалот и корупцијата станаа најсериозен проблем за иднината на државата.

Сега го чека соочување со одговорноста за целокупниот криминал. Се што прави Груевски е обид да избега од законот, од правдата, да купи барем малку време. Но, тоа нема да му успее. Како што е јасно дека нема да му успее ниту нарачаната срамна аболиција.

Груевски ниже пораз по пораз, капитулација по капитулација. Неговите лаги не поминуваат веќе ниту кај граѓаните ниту кај чесните членови на неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Се плаши Никола Груевски од слободни, фер, демократски и регуларни избори. Затоа не е прочистен избирачкиот список, нема реформи во медиумите, нема одвојување на партијата од државата.

Оној којшто ја блокираше европската иднина на Македонија со својот диктаторски однос и кој го наруши меѓународниот углед на земјава не може да зборува за иднина.

Заврши времето на Никола Груевски. Доаѓа време за одговорноста.

Правдата ќе се врати. Нема спас за Груевски и неговото корумпирано друштво.

Скопје, 28.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести