fbpx

Претседателот Заев учествува на Регионалниот молитвен доручек во Србија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На покана на Собранието на Република Србија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во Белград, учествува на Регионалниот молитвен доручек.

Регионалниот молитвен доручек го организира Собранието на Република Србија, како иницијатива за регионално подобрување на односите меѓу соседите, продлабочување на соработката со државите од регионот и светот.

На денешниот настан во Белград, покрај претседателот Заев како претставник од Македонија, присуствуваат повеќе од 200 учесници од регионот и светот, видни гости, конгресмени и претставници на бизнис заедницата од САД, претставници од германскиот Бундестаг како и високи политички претставници на Република Србија.

Претседателот Заев се сретна со делегацијата од САД, предводена од американскиот конгресмен Роберт Адерхолт, а оствари средби и со голем број учесници.

Од клучен интерес за целиот регион е засилена соработка помеѓу земјите и нивна интеграција. Тоа е основен услов за понатамошен економски развој и економска соработка, потенцираше претседателот Заев.

 

 

 

 

 

Последни вести