Соопштение за јавност
Независните институции коишто вистински се борат против криминалот и корупцијата многу го иритираат уплашениот Никола Груевски.
Груевски јавно потврдува дека најголема негова болка е правдата којашто го открива неговото криминално владеење и најавува одговорност за него и неговото криминално друштво.
Груевски повторно, по којзнае кој пат лаже.
Уште од септември минатата година четирите партии се договорија да ја поканат мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да ги мониторира предметите коишто ги води СЈО.
До ден денешен Владата на ВМРО-ДПМНЕ одбива да испрати покана до ОБСЕ/ОДИХР.
Да веруваше ВМРО-ДПМНЕ дека независната институција СЈО работи непрофесионално, непристрасно или без докази први ќе ја повикуваа ОБСЕ/ОДИХР. Се е јасно.
Да беше навистина невин како што лажно сака да се претстави Груевски немаше да нарачува аболиција кај Ѓорге Иванов, спротивна на закон и Устав.
Граѓаните знаат дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.
Едно е јасно, правдата ќе се врати, нема спас за аболицираниот Груевски ниту за неговото криминално друштво.
Аболицијата целосно ќе се поништи и одговорност ќе има. Тоа најмногу го плаши Никола Груевски.
Скопје, 26.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА