Филипче за Сител: Реформската агенда е единствениот начин да почне да се враќа довербата во судството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче за Сител: Реформската агенда е единствениот начин да почне да се враќа довербата во судството

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител, посочи дека инструментите за ресет на било кој систем се во рацете на владата и на премиерот, а премиерот Мицкоски ништо нема да направено по тој основ.

„Што направи премиерот за да го направи така наречениот ресет и што за него подразбира ресет во системот. Како и во секоја сфера? Има и чесни професионалци во судството, има и корумпирани луѓе. Што е целта? Целта е да се направат реформи кои што не само што се напишани на хартија, тие се мислам и нацртани и наједноставно е да се спроведат во реформите во судскиот систем, затоа што точно се знае што треба да се направи“, рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче потенцираше дека во реформската агенда точно е наведено што треба да се направи, кои закони да се донесат, но за жал ниту еден досега не е поднесен во Собранието.

„Точно се знае кои закони треба да се донесат, точно се знае кои се временските рокови за тие закони да се донесат, точно се знае каков финансиски бенефит ќе има државата во милиони евра носејќи ги тие закони. Во реформската агенда има седум закони кои што требаше да се донесат до месец јуни, ниту еден закон не е ни поднесен во Собранието, дополнителни пет требаше до крајот на годината. Ниту тие не се поднесени во Собранието“, рече Филипче.

Тој додаде дека како претседател на СДСМ направи повеќе обиди и му понуди на премиерот заеднички да ги донесат потребните закони, но залудно.

„Понудив заедничка работа, и што има лошо во нашето барање – да се спроведе реформската агенда која што е единствениот начин да почне да се враќа довербата во судството“, рече Филипче.

https://www.facebook.com/share/v/1BYZBAbRxR/?mibextid=wwXIfr