Шукова одржа митинг во Шуто Оризари: Скопје е наш дом, време е за град кој не заборава никого

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Шукова одржа митинг во Шуто Оризари: Скопје е наш дом, време е за град кој не заборава никого

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вечерва се сретна со граѓаните на Шуто Оризари, каде што порача дека оваа општина е симбол на различност, но и на заедништво и солидарност.

,,Без разлика на вера, пол или националност сите сме еднакви и мора во овој град да има можности подеднакво за сите”. порача Шукова

Таа нагласи дека визијата „Скопје за сите“ значи град без поделби и нееднаквости:
„Сакаме Скопје во кое нема прва и втора класа на граѓани. Секој дел од градот, вклучувајќи ја и Шуто Оризари, заслужува иста грижа, исти услови и иста поддршка,“ рече таа.

Во своето обраќање, Шукова зборуваше за конкретните решенија што ги предвидува нејзината програма – уредени улици и пристапни патишта, улично осветлување во сите делови, редовно собирање смет, подобра поврзаност со јавниот превоз и поддршка за образованието и вработувањето на младите.

„Младите од Шуто Оризари треба да имаат иста шанса како секој млад човек во Скопје – да се образуваат, да работат, да се развиваат тука, во својот град,“ порача таа, додавајќи дека знаењето и шансата се најдобрите политики.

Шукова испрати порака на единство и заедништво:
„Не доаѓаме само да побараме поддршка, туку да изградиме партнерство. Вашиот глас не е бројка во изборен резултат, туку глас за правда, еднаквост и достоинство. Да изградиме град што не заборава никого, затоа што Скопје е наш дом,“ заврши Шукова пред жителите на Шуто Оризари.