Филипче: Глас за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Глас за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Крива Паланка, порача дека овие локални избори се избори за одлука, момент кога секој глас станува дел од голема приказна за обнова и единство, а гласот за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија.

„Во недела одлучуваме дали ќе живееме во држава со ред, правда и чесност, или ќе во држава на хаос, корупција и привилегии за блиските на власта како што е сега. Или нашиот дом ќе продолжат да го рушат цигла по цигла, како во изминатите една и пол година, или сите заедно ќе го спасиме. Во недела одлучуваме дали лажниот патриотизам и поделбите ќе продолжат или љубовта кон татковината и заедништвото ќе надвладее“, рече Филипче.

Во ораќањето пред граѓаните тој посочи дека сега не е време за апатија и разочараност, туку време за обединување и масовно гласање. Потенцираше дека СДСМ е секогаш на страната на граѓанинте.

„СДСМ е тука за вас, на ваша страна. СДСМ се крена, СДСМ се враќа.СДСМ е партијата што донесе независност по мирен пат, што ја внесе Македонија во НАТО, што ги отвори вратите кон Европа, што секогаш беше со граѓаните и во кризи и кога беше најтешко. Да се бориме за држава што ќе биде место на сигурност, правда и достоинствен живот“, рече Филипче.
Концептот на СДСМ, како што кажа Филипче, е концептот за општество во кое секој човек е важен.

„А тој концепт, тој граѓански дух, го изгубивме со ВМРО-ДПМНЕ. Нашата борба е за враќање на граѓанскиот концепт, за општество во кое никој не е над законот, и никој не е под достоинството што му припаѓа. Борбата на СДСМ е борба за подобри денови за Македонија, за домот што го сакаме, што го чуваме и што мора да го спасиме“, рече Филипче.

На трибината во Крива Паланка, Филипче ги повика граѓаните да ја покажат својата сила во недела, со масовно излегување на гласачките места, да гласаат за бројот 5 и да пратат силна порака за вистинска промена, затоа што на Македонија ѝ се потребни промени.