Соопштение за јавност
Медиумските курири, платени со пари на граѓаните, не престануваат со ширењето лаги и невистини. Преку извртување на вистината сакаат да ги сокријат криминалите на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.
Плашејќи се од вистината и враќањето на правдата, тие бескомпромисно го бранат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести преку кои граѓаните бараат промени и враќање на правдата, слободата и демократијата.
Едно е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Секој што го прекшил законот ќе одговара.
Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.
СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.
СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.
Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата
Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.
Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара.
Скопје, 22.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА