fbpx

Осуда на ставовите на дописникот на МИА од Брисел

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ги осудува ставовите на дописникот на државната информативна агенција МИА, Бобан Нонковиќ.

Јавниот повик на Нонковиќ за употреба на „нормални курмуши“ за граѓаните коишто протестираат е скандал што покажува нечовечност, омраза и крајна деструктивност којашто нема никаква врска со нивинарската професија.

Поттикнување и промовирање говор на омраза, јавно повикување на егзекуција на оние граѓани коишто протестираат или мислат различно, се карактеристики многу блиски до фашистичката идеологија.

Ваквите ставови искажани од дописници на државна агенција, платени со пари на сите граѓани, се на директна штета и на угледот на Република Македонија.

Најмалку што треба да направи државната информативна агенција МИА е да го повлече својот дописник од Брисел.

За останатата одговорност би требало да се погрижи Јавното обвинителство.

Сето ова е резултат на криминалното владеење на Никола Груевски и медиумскиот мрак што тој го создаде, платен со пари на граѓаните.

Токму затоа, на Македонија и е потребно враќање на слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности.

Никој нема право да им се заканува на граѓаните со „куршуми“. Тој што ќе се реши на таков чекор треба да биде свесен за последиците и одговорноста што ја повлекува.

На секој во оваа држава треба да му биде јасно дека правдата во Македонија ќе се врати. Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Скопје, 20.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести