fbpx

Груевски ја изолира Македонија, ни Ј од Јужен тек, ни ТАП

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Милионските “мајмунски и желкини“ политики на власта на Никола Груевски ја оставија Македонија изолирана во регионот.

Освен Македонија, сите земји од соседството и од регионот: Бугарија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина денеска слават официјално приклучување на Трансјадранскиот гасовод.

Груевски ги излажа граѓаните за Јужен тек за којшто се обврзуваше во изборни програми. Ни Ј од Јужен тек нема.

Денешниот ден покажува дека Груевски ги излажа граѓаните и за ТАП, кога по инсистирање на јавноста пред две години во емисијата Јади бурек рече дека Македонија ќе биде дел од Трансјадранскиот гасовод.

СДСМ и експертската јавност со години во континуитет укажуваа дека Македонија мора што поскоро да фати приклучок кон проектот на ЕУ, азербејџанскиот гасовод ТАП, наместо да се фокусира само на Јужен тек, чијашто реализација се проблематизира.

Одговорноста за ситуацијата денес е на неодговорната, криминална власт на Груевски, на која и се приотитет личните интереси, а не интересите на граѓаните.

СДСМ веќе им обезбеди на граѓаните на Струмица и Куманово гас, како евтин и еколошки енергенс.

Новата одговорна Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе обезбеди гасификација на целата држава.

17.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести