Соопштение за јавност
Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност, наместо бараните пет милиони евра запиша десет милиони евра, односно двојно повеќе.
Сеуште нема никакво објаснување за која намена се користат средствата од новите задолжувања.
Нетранспарентноста на буџетските трошења и темпото на зголемување на јавниот долг се двете најизразени забелешки во сите извештаи изготвени од страна на меѓународните финансиски институции и Европската комисија за економската состојба во Р.Македонија.
По скандалозната одлука на Вишиот управен суд, со која се врати на повторно одлучување постапката околу задолжувањата на домашниот пазар, Управниот суд на Р.Македонија сеуште нема донесено нова пресуда, иако се поминати повеќе од два месеци.
Со неодлучувањето од страна на судот, само се остава простор за нови задолжувања на грбот на граѓаните.
Покрај за се друго, оваа власт ќе одговара и ќе го надомести и овој незаконски долг, кој нема да дозволиме да падне на грбот на граѓаните.
Со почит,
Кабинет на Дополнителен заменик министер за финансии