Соопштение за јавност
Очигледно Никола Груевски сфати дека мора да притекне во помош на инсталацијата Ачковски во ЕЛЕМ, која 4 дена нема како да се оправда за вртоглавите 14-милиони евра за Рајска градина, што ги одобри на енергетската компанија за мајмуни и желки.
Мајмуните и желките на ЕЛЕМ стана јасно дека мора да се покријат по реакциите во јавноста што не престануваат откако е најавен небулозниот проект.
Бидејки Груевски не ја испушта од раце Програмата на СДСМ, тука е и најден готовиот сериозен проект за сопствена механизација на РЕК Битола.
Пред само 6 дена Груевски промовираше проект од Програмата на СДСМ за обновливи извори со користење на пелети.
Енергерскиот систем во Македонија 10 години се распаѓа поради тоа што власта на Груевски ја интересираат само тендери со Ачковци, Цилиња, Ѕинговци, Ибици.
Тие ја оставија РЕК Битола изминатите 10 години без модернизација на котлите и турбините, а Македонија со намалено производство на домашна струја.
Затоа увозот на електрична енергија во изминативе 10 години во Македонија се зголеми за 40% и затоа граѓаните плаќаат високи сметки за струја.
Од Груевски повеќе не се очекуваат проекти, нив ќе ги спроведе новата одговорна Влада што ќе ја предводи СДСМ.
Од Никола Груевски и соработниците се очекуваат одговори, сите кои учествувале во злоупотреби, ќе понесат одговорност.
Скопје, 17.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА