fbpx

АВМУ призна вина, реформи во медиумскиот простор се неопходни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ предупредува дека телевизиите под контрола на Груевски, националниот сервис МРТВ и приватните телевизии Сител, Канал 5 и Алфа продолжуваат да известуваат непрофесионално, необјективно и пристрасно.

Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги конечно го призна тоа на што со години укажуваат Социјалдемократскиот сојуз и новинарските домашни и меѓународни здруженија и организации, ЕУ, експертската група на Прибе, ОБСЕ/ОДИХР:

“Продолжува непочитувањето на професионалните стандарди, особено за објективно и непристрасно прикажување на настаните, со употреби на најгруб говор, навреди и клевети надвор од дозволените граници на демократска дебата“.

Оваа признание на АВМУ пред 4 дена доаѓа по дури 4 годишен молк на Агенцијата којашто дозволи телевизиите здружени со власта недозволиво да ги лажат граѓаните и да креираат непостоечка реалност, а Македонија од светските организации да биде ставена на дното по медиумски слободи.

Ова е уште една причина зошто се неопходни реформи во медиумскиот простор.

17.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести