fbpx

Медиумските курири нема да го спасат Груевски од одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиумските курири продолжуваат да шират пропаганда платена со парите на граѓаните само со една цела – да се сокрие вистината од јавноста и да се заштитат криминалите на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

Плашејќи се од вистината и враќањето на правдата, медиумските курири не пренесоа ниту еден збор од вчерашниот став на Европската комисија дека нема минимални услови за веродостојни избори на 5-ти јуни.

Медиумските курири патолошки шират лаги обидувајќи се да ја сокријат вистината која на крајот сепак ќе победи.

Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести преку кои граѓаните бараат промени и враќање на правдата, слободата и демократијата.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Јасно е, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири.

Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Во Македонија може да има и ќе има само слободни, фер, демократски и регуларни избори, со исполнување на сите услови.

 

Скопје, 17.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести