Соопштение за јавност
Христоски: Да го продолжиме развојот, нов капитален проект за секое населено место во Крушево
„Да го продолжиме развојот, да ја зајакнеме општината и да обезбедиме подобар живот за секој жител на Крушево,“ порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Томе Христоски, на средбата со жителите во селото Јакреново.
Тој посочи дека во изминатите години, како во градот, така и во сите населени места, се реализирани бројни инфраструктурни и комунални проекти.
„Токму тука, во Јакреново, се чувствува промената. Во изминатиот период од осум години, вистински и суштински се спуштивме меѓу месното население и во секое населено место ги решававме проблемите на нашите сограѓани. Ние сме тие што го градиме Крушево и што го менуваме секој ден, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат. Но имаме уште работа, да го довршиме она што сме го започнале или да направиме ново“ истакна Христоски.
Христоски најави дека освен што ќе се завршат започнатите, во секое населено место ќе биде реализиран најмалку уште по еден капитален проект, кој ќе одговори на клучните потреби на граѓаните.
„Најавувам по еден капитален проект за секое населено место. Без разлика дали се работи за водоснабдување, реконструкција на училишта, изградба на водоводи и канализација или подобрување на пристапните патишта , сите тие проекти ќе бидат наш приоритет. Ние не се служиме со празни зборови, туку со конкретни проекти и конкретни дела, токму од терен,“ нагласи Христоски.




