Соопштение за јавност
Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашниот граѓански собир во Конче, порача дека жителите од оваа општина најдобро ја препознаваат разликата меѓу работата на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Благој Илиев, и актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Благој работеше во минатиот мандат. Знаете како се однесуваше додека беше градоначалник, знаете дека вратата му беше секогаш отворена, работеше за доброто на општината и за вас граѓаните. Вие најдобро знаете како беше во времето на Благој, каква визија имаше за Конче, дапродолжи и да се развија понатаму, рече Филипче.
Тој додаде дека по мандатот на Илиев, разликата во начинот на управување е повеќе од очигледна.
„Сега кога имаме една временска дистанца од 4 години после неговиот мандат и сегашниот градоначалник, навистина вие можете најдобро, да воочите каква е разликата и како е да се живее во оваа општина кога градоначалник е некој како нашиот Благој и кога потоа е градоначалникот на ВМРО ДПМНЕ, тој работи дијаметрално противно3, нагласи Филипче.
Во обраќањето, Филипче нагласи дека градоначаниците на СДСМ во досегашните мандатите покажаа што значи да се работи во интерес на граѓаните и да се реализираат ветените програми.
„Затоа треба и во недела да се заокружи број 5, за Благој повторно да ја води оваа општина, со својата визија, со својата програма, за не само Конче, тука и целиот регион да продолжи да расте, да се развива така како што заслужува, така како што заслужуваат и младите, и пензионерите, и сите граѓани кои живеат тука“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.








