fbpx

Спасовски покажа како се постапува во интерес на полицијата и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очајот во ВМРО-ДПМНЕ го покажуваат и нивните соопштенија.

Откако стана јасно дека не можат да манипулираат со кандидатите за полицајци, на коишто токму ВМРО-ДПМНЕ им создаде проблем да не можат да се вработат во МВР, се обидуваат со очајни соопштенија да прикажат лажна загриженост.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што проблемите што ги создаваат и со коишто се обидуваат да манипулираат се решаваат во интерес на полицајците и на Република Македонија.

Одземените ингеренции на министрите на седница на техничката Влада предводена од Емил Димитриев и поништувањето на одлуките на министерот Оливер Спасовски, како и едностраните избори, го создадоа проблемот.

Дополнително, Министерството за финансии, со кое раководи кумот Зоран Ставрески познат по чоколадите кога се нема за леб, не даде согласност за вработување на уште 34 лица коишто ја поминаа обуката за полицајци.

Оливер Спасовски денеска им одржа лекција како се постапува кога интересите на полицијата, интересот на граѓаните и на Република Македонија се на прво место.

Од денеска никој не може да манипулира со кандидатите за полицајци. Тие ќе бидат дел од Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 14.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести