Соопштение за јавност
Гувернерот Димитар Богов петти ден ги избегнува клучните одговори за скандалозната продажба на Алфа банка.
Дали Алфа банка се продаде таинствено и нетранспарентно на консултант во Владата на Никола Груевски?
Дали банката оди во рацете на консултантот до Груевски за само 1.2 милиони евра?
Ако нема што да крие гувернерот Богов досега ќе објаснеше.
Официјални документи покажуваат дека случајот со нетранспарентната продажба на Алфа Банка за само 1,2 милиони евра отвораат многу сомнителни аспекти.
Фирмата што се јавува како купувач е формирана пред само седум месеци, во октомври 2015 година, регистрирана со капитал од само 100.000 франци.
Каква е финансиската гаранција во овој случај?
Зошто се кријат крајните акционери?
Дали меѓу криминалниот крај на Груевски е влез во Алфа банка?
Богов е должен да излезе пред јавноста и да одговори на овие прашања.
Ако гувернерот Богов нешто знае, а молчи, тој ќе биде соучесник во делата на расипничката власт и соработниците.
Скопје, 14.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА