Соопштение за јавност
За да може да се каже дека зголемувањето на референтната каматна стапка имала било каков ефект во насока на поддржување на денаризацијата, прво треба да отпочне и да профункционира трансмисиониот механизам.
Трансмисијата на ефектите почнува со пренесување на ефектот од зголемените каматни стапки од НБРМ на меѓубанкарскиот пазар. Следен чекор во каналот е реакција на банките во насока на преземање на било каква активност поврзана со каматните стапки, како одговор на контракцијата од НБРМ.
Односно, стабилизирањето на девизниот пазар, не беше последица на ефектуирање на мерката, зашто за истото да се случи требаше да се исполнат минимум два критериуми: да постои пренесување на импулсот на меѓубанкарскиот пазар и потоа импулсот да се пренесе кон крајните корисници.
По зголемувањето на референтната стапка, очекувано беше да се реализира барем побараниот износ на благајнички записи на вчерашната аукција, односно банките да одговорат со поголема понуда на зголемената каматна стапка. Но тоа, не се случи. По нештата на логиката, кога ја кревате референтната каматна стапка, а сепак оставате повеќе пари во системот, создавате само алиби за зголемувањето на каматните стапки на државните хартии од вредност во насока на задоволување на апетитите за понатамошно задолжување. Исто така, изостана реакцијата на банките во поглед на зголемување на каматите, пред се на денарските депозити.
Ова е потврда дека зголемувањето на референтната каматна стапка беше избрзана и неефикасна мерка, од причина што девизниот пазар се стабилизираше, пред де факто да има можност за ефектуирање и трансмисија на ефектите од мерката на пазарот.
Со почит,
Кабинет на Дополнителен заменик министер за финансии