Соопштение за јавност
Дали е точно дека член на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ поднел оставка од позицијата?
Дали оставката на членот на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ доаѓа по планираната 14 милионска Рајска градина што одлучи да ја цвета ЕЛЕМ во Аеродром?
Претседателот на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ Ачковски треба да им објасни на граѓаните поради кои аргументи тие како надлежен орган одобриле да се потрошат 14 милиони евра за Рајската градина што ја најави раководството на ЕЛЕМ под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
ЕЛЕМ дозволува постојан пад на домашното производство на електрична енергија, што е всушност нивната основна дејност, но ќе им носи на граѓаните на Аеродром и Скопје мајмуни и желки за 14 милиони евра.
Граѓаните ја враќаат правната држава во свои раце, а сите кои учествувале во злоупотребите врз нив ќе понесат одговорност.
Скопје, 12.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА