fbpx

Продолжува хаосот на владата во справувањето со болеста „јазлеста кожа“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Продолжува хаосот и непрофесионалноста на владата во справувањето со болеста „јазлеста кожа“ кај добитокот на штета на фармерите и вкупното сточарство во државата.

Додека сточарите во паника ги бројат загубите во млеко и добиток и ги чекаат вакцините за да ги заштитат здравите животни, од Агенцијата за храна и ветеринарство со нејасни изјави дали вакцините се набавени и кога ќе започне вакцинирањето.

Интересот за овие вакцини е голем од земјите во кои е појавена и присутна болеста но и од други европски земји во кои сеуште не е потврдена болеста поради што се прават резервации кај производителот и се чека на ред за испорака.

Зошто надлежните во Македонија не реагираа навреме и досега не се обезбедија овие вакцини кога веќе се знаеше дека болеста ја има во регионот?

Одговорност мора да има за ваквиот аматеризам на кадрите на Груевски.

Штетата е голема и болеста опасно се шири токму поради задоцнетата реакција на надлежните институции.

Исто така бараме што поскоро да започне обештетувањето за млекото и добитокот на сточарите .

Апелираме, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски наместо правдање во јавноста да се зафати со работа и да се стави болеста под контрола и секојдневно да се информира јавноста за состојбата со болеста.

Кабинет на дополнителен заменик министер
за земјоделство, шумарство и водостопанство

Љупчо Николовски

 

Последни вести