Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче истакна дека економијата на државата е во драматичен пад и дека Македонија денес се наоѓа на дното во регионот според сите клучни економски показатели.

„Ние сме со најмала минимална и просечна плата во регионот, а платите немаат изгледи да растат, највисока инфлација во регионот 4,5%, најнизок проектиран економски раст од страна на светска банка од сите земји во кој патем е целосно изеден од инфлацијата тогаш е јасно дека оваа влада не носи во економски амбис“, рече Филипче.

Филипче посочи дека граѓаните секојдневно го чувствуваат ефектот на лошите политики на власта кои ги гледа и во новиот буџет кој следните денови треба да биде презентиран во Собранието. Него го оцени како потрошувачки, а не развоен.

„Големиот дефицит од 3,5% од бруто домашниот производ, кој што патем е незаконски, понатаму приходите, кои што очигледно се проектирани да го пополнуваат дефицитот, а никако не се проектирани да носат раст и развој, и ако воопшто се реализира предвидениот раст на бруто домашниот производ од 3,8%, јасно е дека овој буџет е потрошувачки, а никако развоен. Нема ставка во буџетот која што укажува на тоа дека има инвестиции во некакви капитални проекти, во нешто што ќе носи дополнителен економски раст и развој на државата,“ рече тој.