fbpx

Николовски: Молкот во ВМРО-ДПМНЕ ги потврди злоупотребените на пари од „jапондската помош“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Министерот Цветков и аболицираниот министер Димовски сеуште молчатза скандалот со парите од „јапонската помош“.

Со молчењето ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека фондот е оштетен за 200 000евра.

Сеуште очекувам одговор за огромните злоупотреби на парите на штета навистинските земјоделци!

Цветков е должен пред граѓаните, земјоделците, пред целата јавност, даодговори на клучните прашања, а за кои се уште нема одговорено:

Како е можно фирмата ФАКТОР КОНСАЛТИНГ ДОО која е формирана на28.12.2009 година веднаш на 16.03.2010 година да склучи договор соМЗШВ?

Како е можно фирма само со сопственик и управител незаконски даповлече 200 000 евра од Јапонскиот Фонд?

Како може без покритие од сметка на министерството, што е наменета заприбирање на странска помош за развој на земјоделието, некој да сиповлече стотици илјади евра без покритие?

Врз која основа се повлечени овие средства?

Во чии џебови завршиле стотици илјади евра?

Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Љупчо Николовски

 

Последни вести