Соопштение за јавност
Непримерни се изјавите на грчкиот претседател Прокопис Павлополус.
За жал со ваквите изјави грчките политичари потврдуваат дека наместо фокусирање на политиката на 21-от век, којашто подразбира интегрирање, дијалог и меѓусебно почитување, се уште живеат во минатото.
Ваквите ставови на грчките политичари не одат во насока на подобрување на односите на Република Македонија со Република Грција.
Очигледно дека Грција не може да се помири со реалноста.
Република Македонија, македонскиот јазик, македонскиот идентитет се реалност.
Скопје, 09.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА