Соопштение за јавност
Никола Груевски и неговата власт ќе им положат сметка на семејствата на загинатите полицајци, на луѓето чии домови се разрушени, на граѓаните на Куманово и на Р.Македонија – што се случи на 9 мај лани во Диво Насеље и зошто.
Чие дело е ужасниот инцидент во кумановско Диво Насеље?
Зошто Владата на Груевски не ја спречила терористичко – криминалната група, бидејки јавноста слушна дека нејзини високи функционери имале и информации, а по се изгледа и контакти со неа?
Семејствата на 8-темина загинати припадници на безбедносните сили ја очекуваат суровата вистина.
Луѓето кои останаа без кров на главите ја очекуваат.
Граѓаните на Куманово и на Македонија ја очекуваат.
СДСМ ги споделува со граѓаните тагата, болката, револтот што ги оживува денешниот 9 мај и порачуваме дека јавноста ќе ја дознае вистината, а инволвираните и виновните ќе понесат одговорност.
Нема лага и нема оправдување со коишто куририте на Груевски и неговите соработниците можат да го спречат тоа.
09.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА