Соопштение за јавност
(Видео) Талески: Власта призна дека нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, остро реагираше на денешното однесување на министерот за правда кој призна дека власта нема поднесено ново барање за екстрадиција на Никола Груевски и побара писмен одговор зошто.
„Добивме од мизерен човек мизерен одговор. Очигледно марионетството на ЗНАМ и полтровството коешто се однесува во нивното партиципирање во Владата конкретно го гледаме во овој конечен пример. Со оглед на тоа дека министерот потврди дека нема Министерството за правда поднесено барање за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски, барам овој одговор којшто го дадете тука пред македонската јавност, овој мизерен одговор од мизерниот министер да го поднеси писмено. Имам дополнително прашање коешто барам да ми биде доставено во писмена форма. Зошто Министерството за правда до овој момент нема поднесено барање до Унгарија за екстрадиција на
Никола Груевски? “ рече пратеникот Миле Талески.
СДСМ оценува дека ова признание е за врските на актуелната власт со Мицкоски, политичка зависност и сериозни сомнежи дека Владата свесно го штити бегалецот од правдата.
Претходно, поставувајќи пратеничко прашање, Миле Талески обвини дека „Христијан Мицкоски политички и идеолошки се формира по ликот и делото на Никола Груевски.“
„Дури и самите политики што денес ги гледаме на оваа влада се идентични со политиките на Никола Груевски: злоупотреба на државни институции во партиски цели, злоупотреба на полиција, на АНБ, на УЈП, инспекции… Од друга страна напад врз независни институции, обиди за замолчување на неистомисленици, политичка хајка против опозицијата. Понатаму, меѓународна изолација, блокирани реформи, обиди за контрола врз судството, тендери за испумпување пари, корупција на секој чекор, се само копија на матрицата на Никола Груевски. Сите знаеме за патувања на министри во Унгарија на секои 2 недели. Претседателката Давкова вели не е време за реформи затоа што е време за војни, идентични ставови со оние на Никола Груевски од Будимпешта. Сума сумарум само се потврдува впечатокот дека влијанијата од Будимпешта се многу силни.“ рече Талески.




