fbpx

Заев: Овој 1 Мај е ден на нашето достоинство – ја враќаме демократска Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Заев: Овој 1 Мај е ден на нашето достоинство – ја враќаме демократска Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на граѓаните на Република Македонија им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот:

Почитувани граѓани,

Денеска кренете ги гордо главите. Овој 1 Мај 2016 година е ден на нашето достоинство!

Ја враќаме заедно демократска Република Македонија и тоа оваа година, кога земјата ќе одбележи 25 години од независноста.

Граѓаните на Македонија, поодлучно од секогаш, пообединето од секогаш, поцврсто од секогаш, похрабро од секогаш си ги бараат и си ги бранат своите права.

Тоа е трудот на граѓаните на современа Македонија. Труд за заштита на својата егзистенција, за заштита на правото на слободна мисла, изразување, движење, труд за заштита на правото на слободна волја.

Трудот на граѓаните на денешна Македонија е битка за правото и обврската на медиумите слободно да известуваат, за правото и обврската на судовите независно да судат, за правото и обврската на институциите непартиски да работат.

Денес трудот на граѓаните на Македонија е труд за повторно воспоставување на срушениот систем, за создавање услови за избор на одговорна Влада и одговорен претседател на државата кои ќе ги почитуваат сите нивни права и обврски загарантирани со закон и Устав.

Во таква Македонија, работничките права можат да бидат гарантирани, а гласот на работникот уважен, почитуван, вреднуван, наместо потценет, погазен, злоупотребен.

Затоа Македонија е на нозе.

СДСМ заедно со граѓаните е цврсто одлучна да ја врати државата во рацете на народот.

Ја враќаме демократска Македонија и со неа сите узурпирани човекови права од нечесната власт во заминување.

Среќен 1 Мај!

Скопје, 01.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести