Соопштение за јавност
Наводно демохристијанската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги навреди православните верници и покажа дека немаат почит ниту за најголемиот христијански празник Велигден.
Објавените невистини на „Курир“, нарачани од аболираниот Никола Груевски, беа демантирани во целост.
Граѓаните знаат дека лажниот патриот Никола Груевски и Сашо Мијалков задкулисно преговараа за промена на името на државата и за идентитетските прашања.
Случувањата во Диво Насеље во Куманово и информациите во медиумите за директна вмешаност на високи финкционери на власта е уште една потврда за лажниот патриотизам на штета на Република Македонија.
Демократска Македонија, предводена од Зоран Заев, ќе го врати спокојот, мирот и единството кај сите граѓани во Република Македонија.
СДСМ и Зоран Заев се столбот за сигурна иднина на Република Македонија како едно општество за сите.
Скопје, 29.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА