fbpx

Груевски не може да го залажува охрабрениот народ кој се бори за слобода

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните се згрозени од она што го прави аболицираниот Никола Груевски.

Додека цела Македонија е на нозе, во одбрана на правдата, за враќање на слободата и демократијата Груевски е во кампања за непостоечки избори коишто нема да се случат на 5-ти јуни.

Нема избори без прочистен избирачки список, без реформи во медиумите, без одвојување на партијата од државата.

Новите лажни, виртуелни проекти на Никола Груевски не можат да го залажат охрабрениот народ кој се бори за слобода и демократија на улиците ширум Македонија.

За џабе Никола Груевски се прави дека тој не ја предизвикал политичка и државна криза.

Граѓаните знаат, лично Никола Груевски и неговата криминална банда ја втурнаа Македонија во криза со криминалните избори, огромниот грабеж и ја продлабочија со нарачаната аболиција.

Нека не се надева Никола Груевски дека ќе се спаси од одговорноста со нарачаната аболиција кај Ѓорге Иванов.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Граѓаните знаат.

Или Груевски или Македонија.

Скопје, 28.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести