Соопштение за јавност
Мицкоски најавува избори
Симптоматично е што Мицкоски, во народот познат како „мали Вучко“, вчера зборуваше повторно за избори. Во исто време објавува и лажни анкети за рејтингот на партиите. Само неколку часа претходно, во Србија, Вучиќ најавува избори.
Што се случува тука?
Познато е дека Мицко го имитира Вучиќ, а тоа трае веќе подолго време.
„Вчера“ започна реконструкцијата на Владата, на јавноста одамна позната како обично шминкање. Модел кој Вучиќ го користи со години. По реконструкцијата, со некакви чудни дополнителни објаснувања, следат најави за избори и нивно распишување. Овој српски, „Вучиќ модел“ денес го гледаме во Македонија.
На пролет Унгарија ја очекуваат избори. Вертикалата поврзана преку политичките партии, ФИДЕС на Орбан, СНС на Вучиќ и ДПМНЕ на Груевски, со години функционира на иста линија, оттука е и азилот за Груевски. На оваа вертикала ѝ се придружува и една хоризонтална линија, Словачка и нејзиниот премиер Фицо.
Сите сме сведоци на големите протести во Унгарија, Словачка, а особено во Србија против политиките што се водат. Што е тоа што ги поврзува овие протести и што доведе до нив? Токму КОРУПЦИЈАТА!
Нашите најблиски соседи, граѓаните на Србија, веќе цела година протестираат поради корупцијата која доведе до падот на настрешницата, во која загинаа 16 луѓе. Српското независно обвинителство смета дека само при реновирањето на Железничката станица во Нови Сад (каде што падна настрешницата) исчезнале 115 милиони долари поради наместени тендери и корупција. Сите слушнавме во каква енергетска криза се наоѓа Србија поради невоведување санкции кон Русија.
Паралелно со ова, пред два дена американскиот претседател Д. Трамп ја обвини српската фирма „Roaming Networks“ (позната и како „Dot Networks“, со седиште во Белград) дека преку своите сервери учествувала во наместување на изборите во САД во 2020 година, а која е во сопственост на бизнисмени блиски до СНС и самиот Вучиќ.
Во српските медиуми со години се спомнува „СКАЈ“ преписката (енкриптирана комуникациска апликација), обезбедена од ЕВРОПОЛ, која сега за првпат се користи и како судски доказ за вмешаност на криминални групи што водат и кон Црна Гора, каде веќе се применува во низа процеси.
Во Србија се најавува дека наскоро ќе се објави кој во СКАЈ преписките е означен како „Оскар“, организатор на криминални активности во Србија, но и пошироко на Балканот.
Кај нас барем е лесно, ние сите знаеме кој е македонскиот „Оскар“. Имаме и мал и голем „Оскар“.
Пред неколку дена беше уапсена поради корупција поранешната шефица на европската дипломатија Могерини, позната по тоа што учествуваше во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Доколку во Србија има избори напролет, тоа ќе ја очекува и Македонија. Грујо, Мицко и ВМРО-ДПМНЕ немаат луксуз да го дочекаат падот на српскиот режим, затоа што ќе се откријат сите сите нивни поврзаности со ДПМНЕ и вмешаноста во многу приказни.
На Груевски азилот му зависи од изборите во Унгарија и затоа по секоја цена мора да обезбеди власт во Македонија под негова контрола, како резервна опција за своето престојувалиште.
Ученикот Мицко мора внимателно да ја следи ситуацијата, да реагира, да најавува и по потреба да распише избори напролет, доколку тие бидат закажани и во Србија.
Сервери, прислушување, тендери, корупција… Звучи познато?
Изгледа дека и соседите имаат „бомби“. Ја доживуваат нашата 2015 година.
Не грижете се, ние повторно сме „двојно подобри“. Кај нас верзија 2.0 штотуку почна да работи.
Повторно е време, како што вчера рече Мицко, да минеме низ „катарза“. Еднаш не ни беше доволно.
Изгледа дека е време за нов лист во цела Европа.
Затоа: Нова сила, нова енергија, нов тим и вистински правец: Европа.
Работата не е завршена!


