Соопштение за јавност
Почитувани,
Според информациите коишто се доставени до нас, деновиве е поднесена кривична пријава против директорот на НУ Центар за Култура – Крива Паланка, Александар Рангелов од ВМРО-ДПМНЕ.
Кривичната пријава за Рангелов е поради основи за сторено криивично дело, односно сомнение по три основи и тоа:
1. Сторено продолжено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување”,
2. Продолжено кривично дело “фалсификување или уништување деловни книги” и
3. “Употреба на исправа со невистинита содржина”.
Од сторените дела, според информациите, нанесена е штета од 2.982.685 денари или приближно 50 илјади евра.
50 илјади евра се многу пари.
Во чии џебови завршија овие илјадници евра?
Бараме Рангелов веднаш да си поднесе оставка од функцијата директор на оваа установа, а надлежните органи да превземат мерки сосгласно своите надлежности и да ја известат јавноста.
Партизираните и узурпирани институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ работат на штета на граѓаните. На тоа граѓаните му ставаат крај.
Македонија е на нозе за враќање на правдата, слободата и демократијата.
Секој што го прекршил законот мора да одговара и ќе одговара.