Соопштение за јавност
Народот бара правда, а што прави ВМРО-ДПМНЕ?
Го нарекува народот куче!
СДСМ веќе десет дена очекува реакции од ДКСК и Обвинителството. На прашањата што ги постави, од ВМРО-ДПМНЕ пристигна следниот одговор: „куче што лае, ама не каса“
Многу е важно оваа порака да се прочита „меѓу редови“.
ВМРО-ДПМНЕ сака да порача дека на тоа „куче“ му ги извадиле забите. Дека сите полуги на моќ се во нивни раце. Тоа е пораката: Наше е судството, наше е обвинителството, наша е полицијата.
Сè е наше, ништо не можете. Никој од нас нема да одговара а ќе правиме што сакаме!
Но, бидејќи народот е тој што пресудува, ќе видиме уште колку долго ќе биде „ваше“!
Работата не е завршена.
Запаметете: СИТЕ ЌЕ ОДГОВАРАТЕ!


