Соопштение за јавност
Почитувани граѓани,
Македонија е на нозе.
Граѓаните од цела Македонија без разлика на политичка, верска или национална
определба секојдневно се кренаа во одбрана на правдата, вистината, демократијата.
Секој ден, се помасовно граѓаните излегуваат на улица да го изразат својот револт од криминалната власт на Никола Груевски што 10 години им го уништува животот на граѓаните.
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да се помират со реалноста дека нивниот крај се ближи, со последни сили се обидуваат да влијаат со притисоци врз граѓаните.
Во Охрид, градоначалникот Бакрачески и директорите поставени од ВМРО-ДПМНЕ во јавните и државните институции, како болници, детска градинка, училишта и слично, вршат силен притисок врз вработените да не излегуваат на протестите.
Многу од вработените се прераспределни и им се закануваат со отказно решение.
Демократска Македонија најостро го осудува ваквиот однос кон граѓаните и бара веднаш да бидат повлечени сите одлуки со коишто се прераспределени и деградирани вработените.
Секое попречување на правата на вработените да ја изразат слободно својата воља и определба се сметаат за мобинг кој според законот, претставува кривично дело.
Никола Груевски е во паника и преку неговите послушници сака да им се заканува на граѓаните. Тоа повеќе не поминува.
Доаѓа слободата и демократска Македонија. Секој што го прекршил законот ќе одговара.
Центар за комуникации ОО СДСМ Охрид