Филипче: Се подготвува ли мигрантска гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, го отвори прашањето дали зад тајните договори на владата се крие целта мигрантите да станат нова гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори. Филипче посочи дека во услови кога Европската Унија ги заострува политиките за мигранти и кога околните земји експлицитно одбиваат да прифатат вакви договори, ВМРО-ДПМНЕ ја турка Македонија кон сериозен ризик.

„Дали ќе дозволиме така наречените патриоти од ВМРО-ДПМНЕ да ја претворат Македонија во Мека за мигранти? Дали може да очекуваме дека на мигрантите ќе им бидат дадени македонски пасоши и ќе бидат гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ? Сепак, се ближат избори“, порача Филипче.

Тој додаде дека многу прашања стојат неодговорени и се држат во тајност за тема која е од исклучителна важност за македонското општество и за граѓаните.

„Дали е ова, цената што треба да се плати за да се добие кредит од 6 милијарди евра, кои што ќе го плаќат многу следни генерации, следните децении, за да ова влада тие пари ги потроши на договори во четири очи. Не смееме да дозволиме насилно внесување на мигранти во нашата земја“, рече Филпче.
На прес-конференцијата, Филипче укажа дека европската статистика покажува дека со лошо спроведени политики на интеграција на мигранти се јавуваат сериозни безбедносни и општествени проблеми.

„Насилства, криминал, немири, тепачки. Дури и многу поразвиени земји од Македонија имаат голем проблем со мигрантите. Германија, Британија, Шведска тешко се справуваат со овој проблем. Кога овие развиени земји тешко се справуваат, како ли само ние ќе се справиме со овој проблем во нашата земја кога имаме нефункционални институции“, рече Филипче.