Соопштение за јавност
Наместо професионално и објективно известување на граѓаните медиумите на Никола Груевски шират лаги и воопшто не информираат за демократските протести во одбрана на правдата, слободата и демократијата ширум Македонија.
Резултатите од мерењата на прилозите во вестите на 4 медиуми под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, потврдуваат дека НиколаГруевски се надевадека со пропаганда и манипулацииќе се спаси од одговорност за криминалот.
Во периодот од 1 до 25 април, емитувани се позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Канал 5 во времетраење од 19.638 секунди, на Сител 19.349, Алфа 8.088 и на НОВА ТВ 9.072 секунди.
Тоа се вкупно 15 часапозитивнапропаганда за ВМРО-ДПМНЕ за 25 дена.
Дополнително, емитувани се негативни прилози за СДСМ на Сител во времетраење од 13.310 секунди, на Канал 5 11.726 секунди, на Алфа 6.373, и на НОВА ТВ 4,497 секунди.
Тоа се вкупно 10 часанегативна пропаганда за СДСМ за 25 дена.
Груевски попусто се надева дека со пропаганда, извртување на вистинста и измислување некакви сценарија коишто се само во неговата глава можат да му помогнат.
Македонија е на нозе, доаѓа слобода, демократија, правда.
Новата страна за иднината е веќе свртена.
По демократската промена на власта, медиумскиот мрак, пропагандата и медиумските хајки ќе бидат минато.
Секој што го прекршил законот ќе одговара.
Скопје, 26.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА