Соопштение за јавност
Пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ, платена со пари на граѓаните, преку медиумските курири попусто се обидува да ја сокрие вистината.
Лагите на медиумските курири нема да му помогнат на Никола Груевски.
Македонија е на нозе во одбрана на уставниот поредок и законите, во борба за слобода и демократија.
Во обид да ја сокријат вистината медиумските курири штанцаат измислици и невистини.
Граѓаните знаат дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.
Да не беше срамната одлука за аболиција на Ѓорге Иванов правдата ќе почнеше да го стасува Никола Груевски.
“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.
Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Ништо нема да им помогне, правдата ќе ги стигне сите.
Новата страна за иднината, за враќање на слободата, демократијата и правдата е веќе свртена.
СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.
Без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата.
Сите граѓани на Македонија заедно се носителите на промените за подобра и сигурна иднина.
Демократијата победува, доаѓа слободна и демократска Македонија.
Скопје, 26.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА