fbpx

Директорот на Агенцијата ги призна незаконските активности

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, го призна противзаконското работење.

И покрај тоа што безуспешно се обидува да се оправда, факт е дека вработените во АПРЗ, по негов налог вршат своевиден попис на земјоделците и собирање на лични податоци.

Оваа информација ја потврди и Златков на неодамнешната средба со дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Но и покрај ветувањето на директорот на Агенцијата дека ќе престанат со овие противзаконски активности, земјоделците од терен информираат дека прибирањето лични податоци за нив, продолжува.

Земјоделците сведочат за притисок и закани од страна на вработени во АПРЗ доколку не гласаат за ВМРО ДПМНЕ дека ќе им се укинат субвенциите или ќе им ја земат земјата под концесија или тракторот од програмата за рурален развој 50-50.

Уште еднаш апелираме, да престанат незаконските активности и ги информираме вработените во МЗШВ дека секој што работи спротивно на закон, ќе одговара.

 

Скопје, 25.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести