fbpx

Лагите на медиумските курири нема да му помогнат на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Курир“ мака мачи како да го одбрани Никола Груевски кој нарача аболиции за него и злосторничкото здружение преку извршителот Ѓорге Иванов.

Граѓаните знаат, Македонија се наоѓа во најголемата криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Предводникот на демократска Македонија, Зоран Заев, никако не може да биде покритие за обидот на криминалното здружение на Никола Груевски да ја спаси сопствената кожа преку неуставни одлуки.

Претседателот на СДСМ, прв, јавно ја отфрли аболицијата и повика на поништување на срамните одлуки.

Курир повторно лаже.

Не е точно дека сопругот на заменик претседателката Шекеринска не побарал повлекување на аболицијата.

Доколку „Курир“ не се извини за лагите и не го повлече текстот објавен денеска, заменик претседателката Шекеринска ќе поднесе соодветна тужба за клевета и навреда.

Лагите на медиумските курири нема да му помогнат на Никола Груевски.

Македонија се крена на нозе во одбрана на правдата и враќање на слободата и демократијата.

 

Скопје, 25.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести