fbpx

Македонија знае за лажниот патриотизам и измислените сценарија на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја создадоа кризата во Македонија со криминални избори, брутална злоупотреба на власта и невиден грабеж на парите на граѓаните.

Поради криминалните политики Македонија е економски и финансиски уништена, со нарушен меѓународен углед.

Во обид да ја спаси сопствената кожа Никола Груевски дополнително ја продлабочи кризата со нарачаната, срамна аболиција од Ѓорге Иванов.

Затоа Никола Груевски се крие позади лажниот патриотизам, измислувајќи непријатели онаму каде што ги нема, блокирајќи ги ЕУ интеграциите, рушејќи ги односите со меѓународната заедница.

Никола Груевски не може да ги лаже граѓаните измислувајќи некакви сценарија што постојат само во неговата глава.

Граѓаните знаат, вистината проби како шило на 16-мај 2015 година преку Вистината за Македонија.

Лажниот патриот Никола Груевски, со братучедот Сашо Мијалков и нивниот бизнис партнер Манолис од Грција, задкулисно се пазареле со уставното име на Македонија а разговарале и за идентитетските прашања.

Вистината за Македонија покажа дека Законот за бранители не е донесен затоа што е директна жртва на партискиот пазар на ВМРО-ДПМНЕ со својот коалициски партнер.

Случувањата во Диво Насеље во Куманово и информациите во медиумите за директна вмешаност на високи финкционери на власта е уште една потврда за лажниот патриотизам на штета на Република Македонија.

Никола Груевски ги потценува граѓаните на Република Македонија. Не поминуваат провидни и измислени сценарија.

Граѓаните се обединети во борбата против корупцијата, криминалот, обединети се во желбата за промени, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија.

Затоа Македонија е на нозе.

Или Груевски или Македонија!

По демократските промени СДСМ ќе го врати уставниот поредок во Македонија, слободата и демократијата. СДСМ, заедно со граѓаните ќе обезбеди сигурна и подобра иднина за сите.

Скопје, 25.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести