fbpx

Хипокризија е криминалци да се на слобода, а да се приведуваат револтирани граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија заедно со граѓаните жестоко се спротивставува на насилничкото владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Хипокризија е обвинети за криминал и корупција од највисокиот врв на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се на слобода, па дури и аболицирани, а истата таа власт да приведува граѓани кои преку протести го изразуваат својот револт за ваквиот начин на практикување на владеењето.

Ѓорге Иванов и неговиот ментор Никола Груевски кои го направија државниот удар со погазувањето на Уставот и правната држава го предизвикаа револтот кај граѓаните и тие се одговорни за последиците што се рефлектираат со огромното незадоволство по улиците.

СДСМ укажува дека правото на протест е неприкосновено право, загарантирано со Устав и целосно го почитува и поддржува правото на граѓаните на протест.

СДСМ повикува протестите да бидат мирни, достоинствени и ненасилни.

Демократска Македонија е на нозе, ја враќа слободата на граѓаните и тоа повеќе никој не може да го спречи.

25.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести