fbpx

Без идеи Груевски промовираше мерка од Програмата на СДСМ за сточарите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Откако неговото 10 годишно криминално владеење драстично го намали добиточниот фонд, ги осиромаши здемјоделците и ги опустоши селата, денес Груевски во недостаток на идеи и губење на поддршката од земјоделците започна да промовира мерка од Програмата на СДСМ.

Никола Груевски е минато и не може ништо да им ветува на земјоделците. Груевски го чека одговорност за криминалното владеење коешто 10 години е на директна штета на вистинските земјоделци коишто ги остави без земја, пасишта, без помош и поддршка.

Земјата и пасиштата Груевски ги даде на неговите послушници. Помпезно најавуваните проекти како Свед Милк и Субрата Рој доживеа колапс а се покажа и тесна поврзаност со криминални активности.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години покажа дека нема никаква стратегија за развој на сточарството.

Добиточната храна е скапа, млекото се откупува по крајно ниски цени од 15 денари за литар, нема пласман за јагнињата во странство…

Груевски лаже кога вели дека од една крава на сточарот му останува зароботка од 1.000 евра. Ако беше така добиточниот фонд во земјава наместо да опаѓа, ке растеше, производството на млеко ке се зголемуваше, немаше да се испразнат македонските села.

Дали Никола Груевски сака да му се додворува на неговиот бизнисмен Орце Камчев да направи обнова на стадото? Или пак мисли да го наполнува пасиштето од 200 хектари кое Миленко Неделковски го има земено за 60 кози?

Земјоделците не дозволуваат Никола Груевски повеќе да ги лаже и манипулира.

Земјоделците знаат.

Доаѓа слободна, демократска и правдна Македонија.

По демократските промени новата власт ќе ги спроведе мерките од програмата на СДСМ коишто ќе обезведат подобри услови за вистинските земјоделци, за вистинските сточари.

 

Скопје, 23.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести